Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Еден Азар не научи ништо од сопствените грешки. Минатата сезона ја почна со пет килограми повеќе од што требаше, а сега повторно е потежок од очекуваното.
Реал Мадрид е загрижен затоа што 29-годишниот фудбалер не е во форма и неговата професионалност и посветеност на клубот не се на највисоко ниво.
Навивачите не се задоволни од односот на Азар, па го повикаа клубот да му даде шанса на 20-годишниот Винисиус Жуниор, наместо на Белгиецот.
„Вистина е. Нема да го кријам тоа, но кога сум на одмор, тогаш сум на одмор. Качив пет килограми. Јас сум тип кој брзо се здебелува, но и брзо слабее“, кажа Азар минатото лето.