„Кралевите“ критикуваат: Најдобар играч на Барселона е – судијата Ернандез! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Многу прашина се крена по ремито (0-0) во „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, а навивачите на клубот од престолнината на Шпанија не прекинуваат да ги критикуваат ривалите од Каталонија.

Судијата Алехандро Ернандез е главен виновник за ремито на „Камп Ноу“ според навивачите на Реал Мадрид, зашто не досудил два чисти пенали за „кралевите“.

Тие пишуваат дека тоа не му е првпат на Ернандез да ги оштети „кралевите“, па нешто слично прави веќе со години.

Во сезоната 2015/16 му поништил чист гол на Герет Бејл, а во сезоната 2016/17 не досудил пенал за Кристијано Роналдо. Една сезона подоцна не досудил прекршок на Суарез, кој претходел на голот на Меси, а потоа не досудил ни пенал за Марсело.