„Кралевите“ може да здивнат: Пристигнаа информации за состојбата на Јовиќ (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Јовиќ успешно се рехабилитира. По судирот со Јан Облак и ударот во коленото, првите прогнози беа лоши, па се споменуваше дека ќе паузира најмалку пет недели, односно дека нема да биде подготвен до стартот на шампионатот.

Но, Јовиќ тренираше со Брахими, денеска во тренинг-центарот со останатите фудбалери кои не заминаа на „Ауди купот“.

Но, ова покажува дека повредата е лесна и дека многу брзо треба да се врати во стартниот состав.

Меѓутоа, тоа што сега се шпекулира е дека Зинедин Зидан е воодушевен од настапите на Мариано Диаз и дека Србинот добил сериозна конкуренција, покрај Карим Бензема, кој и понатаму ќе биде прв избор во шпицот.