„Кралевите“ може да здивнат: Зидан доби добра вест од Белгија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид не ја почна најдобро новата сезона во шпанската Ла Лига, па тренерот Зинедин Зидан се соочи веднаш со притисок од управата, која бара резултати, зашто намерата им беше и сезонава да се борат за сите трофеи.

„Кралевите“ имаа проблеми со повреди, па не можеа да сметаат досега на Еден Азар, кој наскоро сепак би можел да се врати на теренот.

Зидан разговарал со Фудбалската федерација на Белгија, која го ослободила повредениот Азар од обврските, па така Белгиецот ќе има време за рехабилитација и враќање на теренот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Азар би можел да се врати најрано на 14 септември, кога Реал Мадрид ќе се обиде да го поправи впечатокот и да ги израдува своите навивачи со победа против Леванте, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.