„Кралевите“ му се налутија на Модриќ поради еден потег на мечот со Франција (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето сакаше да го ангажира Килијан Мбапе, но Французинот по неколку месеци реши да ги одбие и потпиша нов договор со ПСЖ.

Хрватска во понеделникот славеше со 1-0 против Франција на гостински терен и така освои три бода, а на полувреме од средбата Лука Модриќ го побара дресот од Мбапе.

Овој потег на Хрватот ги налути навивачите на шпанскиот гигант, па доби големи критики од страна на водителот на „Ел Чирингито“.

„Не можам да верувам. Модриќ, кој е лидер на Реал бара дрес од човек кој му се смее на Реал и навивачите на тој клуб“, кажа водителот.

Гостите во емисијата сметаа дека понижување е за Модриќ да бара дрес од играч, кој допрва треба да постигне успеси во кариерата, а критики за Хрватот имаше и од легендарниот Гути.