„Кралевите“ не се тажни: Мбапе ги предаде, но тие имаат уште едно изненадување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид остана без потписот на Килијан Мбапе, кој ги разочара „кралевите“, но тие не треба да бидат тажн затоа што раководството размислува за ново засилување.

Мбапе повторно беше на чекор до Мадрид и речиси сè имаше договорено со „кралскиот клуб“, но се премисли во последен момент и остана во Париз.

„Марка“ објави дека раководството на шпанскиот шампион сега ќе се обиде да го ангажира Ријад Марез од Манчестер сити, кој игра во одлична форма и блесна во полуфиналето против Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаат листа со фудбалери кои сакаат да ги ангажираат, а по неуспешните преговори со Халанд и Мбапе, сега на ред е Марез.

Марез има 31 година и договор со Сити на уште една година, што би можело да го олесни реализирањето на неговиот трансфер.