„Кралевите“ во големи проблеми: Први медицински резултати по повредата на Азар


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Еден Азар не го одигра до крај мечот против ПСЖ во Лигата на шампиони поради повреда, по што мораше да биде заменет од Герет Бејл.

Резултатите од првите медицински прегледи се оптимистични и не станува збор за сериозна повреда, а во текот на денот ќе има дополнителни тестови за подетално да се знае за што станува збор.

„Кралевите“ најверојатно нема да можат да сметаат на неговите услуги во „Ел Класико“ на 18 декември, но засега нема потврда за такво нешто.

Во секој случај, ова е голем проблем за екипата на Зинедин Зидан, која води тесна битка со Барселона за првото место во шпанската Ла Лига.