„Кралот“ бара прошка: Леброн се обидел по инцидентот да му се извини на Стјуарт 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во прв момент прекршокот на Леброн Џејмс делуваше со намера, но по прегледаните снимки и неговата реакција може да се заклучи дека „кралот“ не сакал да го повреди неговиот колега Ајзеа Стјуарт.

Стјуарт доби сериозна повреда на аркадата, а поради неговиот обид да се тепа со Џејмс заработи и суспензија од два натпревари, додека „кралот“ ќе паузира еден меч.

Американските медиуми пишуваат дека „кралот“ се обидел преку телефон да го контактира Стјуарт и да му се извини поради ударот кој не бил намерен.

Засега не е познато дали Џејмс успеал да контактира со кошаркарот на Детроит пистонс, со кој ќе се сретне очи в очи за неколку дена кога двата тима повторно ќе се пресметаат.