Кралот на Реал Мадрид: 450 натпревари за Модриќ и 300 победи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ стигна до 450 настапи за Реал Мадрид, а исто така и 300 победи во дресот на шпанскиот гигант што е неверојатно достиганување.

Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година синоќа настапи против Севилја (3-1) и стигна до големиот јубилеј.

Легендарниот 37-годишен фудбалер дојде во Мадрид од Тотенхем во 2012 година и за една деценија освои сè што може со „кралевите“.

Модриќ оствари 208 победи во Ла Лига, 64 во Лигата на шампиони, 13 во шпанскиот Куп и шест на Клупското светско првенство, пет во Суперкупот на Шпанија и четири во европскиот Суперкуп.

Модриќ го даде првиот гол за Реал на 4 ноември 2012 година против Сарагоса, а потоа запиша уште 33 погодоци.