Крај на една ера: Вирџил ван Дајк заминува, рече „да“ на друг гигант!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вирџил ван Дајк, по осум години, најверојатно го напушта Ливерпул. Холандскиот стопер веќе рече „да“ на турскиот шампион Галатасарај.

Некогаш најскапиот дефанзивец во светот и легенда на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е подготвен за заминување од Ливерпул. Тој веќе прифати понуда од турскиот првак Галатасарај и би можел да се упати кон Турција летово.

Според извештаи од Турција, наскоро 35-годишниот Холанѓанец им соопштил на челниците на Галатасарај дека е подготвен да дојде во клубот, ако Ливерпул е спремен да го ослободи бесплатно.

Тука не би требало да има премногу проблеми. Ван Дајк има уште една година од договорот, но кој е прилично тежок за клубската каса (повеќе од 18 милиони фунти годишно), па Редсите немаат проблем да се ослободат од таквата плата.

Не би било никакво изненадување ако договорот наскоро се заврши. Ван Дајк би можел завршницата на кариерата да ја помине во Турција, а од Ливерпул заминува по осум фантастични години во кои освои речиси сè што можеше.

Тој пристигна на Енфилд од Селтик во 2018 година за преку 80 милиони евра. Стана капитен и еден од најдобрите дефанзивци во светот, одигра 373 натпревари за Редсите со извонреден учинок за еден стопер од 36 голови и 16 асистенции.