Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Леброн Џејмс не побарал трејд ниту раскин на договорот со Лос Анџелес Лејкерс, потврдено е од повеќе извори блиски до клубот и лигата, пренесува The Athletic.
Џејмс (40), кој во декември полни 41 година, се наоѓа во последната година од важечкиот договор со Лејкерс, а на крајот од јуни одлучи да ја искористи опцијата за продолжување на соработката за сезоната 2025/26.
Агентот на играчот и директорот на агенцијата Klutch Sports, Рич Пол, изјави дека Лејкерс градат тим за иднината, додека Џејмс и понатаму сака да се бори за шампионската титула.
Потврдено е дека постои взаемно разбирање и почитување на долгогодишното партнерство со управата на клубот.
Претседателот на кошаркарските операции на Лејкерс, Роб Пелинка, негираше дека постои какво било напрегање во односите со Џејмсовиот тим и истакна дека комуникацијата е “отворена и позитивна”.
Фото: Grok AI