Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ играше фантастично во победата на Далас маверикс со 141-121 против Голден Стејт вориорс, но мечот го одбележа една немила сцена.
Словенецот постигна 31 поен, 15 асистенции и 12 скокови, па си поигра со поранешниот шампион, но во еден момент за малку ќе се степаше на паркетот, откако кошаркарот на Вориорс, Маркиз Крис го турна Дончиќ во фоторепортерите под кошот, по што играчот на Далас ги загуби нервите.
Словенецот тргна да се пресмета со Крис, но за среќа судиите излегоа пред нив и ја смирија ситуацијата, па двајцата кошаркари останаа само на вербална расправија.
Marquese Chriss and Luka Doncic get into it. ?pic.twitter.com/7R8oUKIMBU
— Legion Hoops (@LegionHoops) December 29, 2019