Крис Пол нема да заигра за Вашингтон

Американскиот кошаркар Крис Пол заврши во Вашингтон визардс, додека Бредли Бил се пресели во Феникс санс.

Новинарот Адриен Војнаровски објави дека Пол нема да заигра за Вашингтон, а клубот нема ништо против тоа и ќе го ослободи.

Овој 38-годишен кошаркар сака да заигра во тим со шампионски амбиции, а како негова следна дестинација се споменуваше Лос Анџелес Клиперс.