Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Откако во неделата навечер со Португалија ја освои Лигата на нациите, Кристијано Роналдо потврди каде ќе игра следната сезона.

Познатиот новинар Фабрицио Романо ја објави веста со означување „Breaking News“ и соопштува дека Роналдо останува во Ал Наср!

– Мојата иднина? Практично ништо нема да се промени. Останувам во Ал Насср? Да – истакна Романо изјавата на Роналдо.

Португалецот пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година, по вториот мандат во Манчестер Јунајтед. Неговиот премин во Саудиска Арабија беше вовед во бран доаѓања на европски фудбалски ѕвезди, кои претежно беа привлечени од огромните плати. Роналдо и понатаму држи рекорд – заработува околу 3,77 милиони евра неделно, односно скоро 200 милиони евра годишно.

Фото: Принтскрин