Кристијано дециден: Во Рома нема ниту еден играч со кој би го менувал дресот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во недела на „Олимпико“ ќе се одигра уште едно големо дерби од Серија А помеѓу Рома и Јувентус.

Во гостинскиот тим најмногу ќе се очекува од Кристијано Роналдо кој одлично ја започна 2020 година откако против Каљари постигна три погодоци.

Португалецот ужива во натпреварите против Рома затоа што секогаш имал причини за прослава. Против овој тим играше додека беше во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид и секогаш излегуваше како победник.

Роналдо сега се сети на натпреварот кој го одигра со Манчестер Јунајтед и на кој ја размонтира Рома со седум парчиња во нивната мрежа.

„Кога беше 6:0 од мене бараа да престанам и ме молеа да престанам да дриблам. Имаше и такви кои ми викаа дека ќе ме повредат. Во Рома нема ниту еден играч со кој би го менувал дресот“ –изјави Кристијано Роналдо.