Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во 21 век во избор на „Фудбал Глоуб“ во Дубаи, додека играч на годината беше Роберт Левандовски.
Роналдо доби најмногу гласови во гласањето победувајќи ги Лионел Меси и Мохамед Салах како најдобар фудбалер овој век. Роберт Левандовски ја доби наградата за фудбалер на годината, неговиот тренер од Баерн Минхен, Ханси Флик беше прогласен за најдобар тренер во 2020 година.
За тим на векот прогласен е Реал Мадрид, а награди за животно дело добија Жерар Пике и Икер Касиљас.
За најдобар тренер во овој век беше прогласен Пеп Гвардиола, кој во изборот победи пред Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Зинедин Зидан.
🏆 Congratulations to 🇵🇹 CRISTIANO RONALDO on winning the Globe Soccer Award for the PLAYER OF THE CENTURY 2001-2020 👏#CristianoRonaldo #CR7 #Bvlgari #GlobeSoccer pic.twitter.com/Y8Bg2ZfapO
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 27, 2020