Кристијано Роналдо не се грижи за коментарите на фановите, кои му велат дека му треба шишање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо ги изненади своите фанови кога реши да ја пушти косата и многумина мислеа дека фризурата нема да трае долго.

Сепак, се чини дека Роналдо е решен да не се шиша некое време. После вчерашниот тренинг на Јувентус, тој објави фотографија на која многумина се смееја.

Имено, тој позира со Хуан Куадрадо и рече дека сега имаат скоро слични фризури.

„Што мислите за мојот изглед каков што има мојот брат Панита“, рече Роналдо преку Инстаграм.

На фановите не им се допаѓа долгата коса на Роналдо, но очигледно е дека него не му е грижа.