Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија го одигра и вториот натпревар на Мундијалот во Катар, но повторно не можеше да победи, иако имаше водство од 3-1 против Камерун, но сепак нивните ривали стигнаа до 3-3 на крајот.
Поранешниот фудбалер Раде Богдановиќ испрати жестоки критики кон српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.
„Од сјај до очај. Фудбалерите не се виновни за ништо. Тие не се доволно подготвени, немаат ниту концентрација, дисциплина… Морам ова да го кажам. Одигравме како да немаме селектор на клупата. Никогаш не сум видел некој да води толку лошо натпревар. Не можам да разберам што сакаше Пикси“, кажа Богдановиќ.