Криза од сите страни го погоди Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се наоѓа во финансиски проблеми веќе долго време, а економската криза предизвикана од пандемијата дополнително ја влоши ситуацијата.

Поради тоа претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез сакаше да направи европска Суперлига, за да се извлече од долговите, но проектот му пропадна за само 48 часа.

Клубот веќе една година игра пред празни трибини, па така не може да продава влезници, а тоа е голем удар за касата на клубот.

Дресовите на Серхио Рамос и Карим Бензема се најпродавани, но не е ниту приближно како што беа тие на Кристијано Роналдо.

Лошата трансфер политика ги донесе „кралевите“ до пропаст, а многумина сметаа дека Еден Азар ќе биде новата ѕвезда, но тој не може да се врати на теренот поради повреди.

Поради тоа Реал сака да го купи Килијан Мбапе, иако такво нешто ќе биде пеколно тешко летово, зашто ПСЖ сака многу пари за негов трансфер.