Кризата удри по шампионот: Јувентус за пола година загуби 113 милиони евра!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Актуелниот италијански првак Јувентус објави дека се соочил со голема загуба во првите шест месеци од сезонава и во моментов тие се во минус од 113,7 милиони евра.

Јувентус имаше приходи од 258,3 милиони евра, а тоа е голем пад, со оглед на нивниот приход во истиот период минатата година, кога заработи 322,3 милиони евра.

Трошоците се зголемени и пораснаа на 263.4 милиони евра, и загубите за тој период изнесуваат 113.7 милиони евра. Главната причина за ова е пандемијата која предизвика голема финансиска криза.