Крос бара голема услуга од шест фудбалер на Реал Мадрид

Германецот Тони Крос ја заврши кариерата на крајот на минатата сезона, но се најде во листата со номинирани играчи за „Златната топка“.

Крос имаше неверојатна сезона во „кралскиот“ дрес и ги освои Лигата на шампиони и Ла Лига, па сега би можел да ја добие и престижната награда.

На 28 октомври ќе биде познато кој ќе ја освои наградата, а Крос наводно веќе контактирал неколку поранешни колеги од Реал Мадрид.

Поранешниот германски фудбалер наводно побарал помош од шест фудбалери да гласаат за него во изборот за најдобар играч.