Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот фудбалер Тони Крос кажа дека бил жртва на расизам и навреди на социјалните мрежи затоа што го критикувал Месут Озил.
Крос во 2018 година го критикуваше Озил за начинот на кој ја напушти репрезентацијата.
„По Светското првенство во 2018-та година реков дека не ми се допаѓа тоа што Месут си замина од репрезентацијата, како ни начинот на кој тоа го направи. Веднаш ме нарекоа нацист. Руса коса, сини очи, само тоа им беше доволно на луѓето на интернет да ме наречат расист. Се изборив, но не беше лесно. Денес било кој може да се сокрие зад лажен профил и да навредува други луѓе. Тоа не е добро и мораме да работиме на тоа луѓето да сносат одговорност за тоа што го кажуваат“, кажа Крос.