Крос го прогнозираше новиот шампион во Ла Лига


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Еден од најдобрите германски фудбалер Тони Крос ова лето си замина во пензија, но сè уште е активен во светот на спортот.

Крос во интервју за германски медиум разговараше за актуелните теми, а притоа ги прогнозираше и новите шампиони во Ла Лига и Бундеслигата.

Германецот смета дека Реал Мадрид ќе ја освои титулата во Ла Лига, додека Атлетико Мадрид ќе биде втор, а третото место е резервирано за Барселона.

Крос посочи дека во Бундеслигата повторно најдобар ќе биде Баер Леверкузен, додека Баерн ќе заврши трет.