Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Тони Крос би можел да има пресудна улога во доведувањето на играчот кој многумина го гледаат како наследник на Лука Модриќ во Реал Мадрид. Ги застапува иста менаџерска агенција и тоа би можело да биде клучен фактор.
Поминаа околу 10 дена откако Модриќ се збогуваше од Бернабеу. Тој момент не можеше да го пропушти ни Крос кој излезе на тревникот на славната арена.
Во меѓувреме изгледа дека и Германецот пронашол играч кој во наредните години ќе биде диригент на средниот ред на Кралевите. Дојде од Бундеслигата и ќе чини 50 милиони.
Шпанскиот клуб го одложи доаѓањето на Алваро Карерас од Бенфика за да се фокусира на Ангел Стилер, 24-годишниот играч од средниот ред на Штутгарт и репрезентацијата на Германија.
Фото: Принтскрин