Крос ја соопшти новата улога во која ќе биде по заминувањето од Реал Мадрид


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Тони Крос на крајот на сезоната замина од Реал Мадрид, а по Европското првенство (ЕП) ќе се пензионира.

Крос во разговор со германски „Кикер“ откри дека планира во иднина да ја прошири „Тони Крос акдемијата“ за млади фудбалери во Мадрид.

„Сакам да бидам запаметен како 34-годишниот Тони Крос кој ја одигра најдобрата сезона во Реал Мадрид на крајот. Го постигнав тоа, иако многумина сметаат дека рано заминав во пензија“, кажа Крос на крајот на сезоната.