Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот Тони Крос на крајот на минатата сезона се збогува од фудбалот, но сега се врати на „Сантијаго Бернабеу“ за да го гледа мечот меѓу Реал Мадрид и Вилјареал.
Крос кажа дека многу луѓе му зборувале да се врати на фудбалот, но неговата одлука е конечна и нема да се премисли.
„Реал Мадрид продолжи и кога заминаа Кристијано Роналдо и Серхио Рамос. Клубот се прилагодува и продолжува да победува. Малку ми е чудно да се гледаат натпреварите на Реал, перспективата е поинаква. Но немам потреба да кажам дека ми недостига чувството за играње фудбал“, кажа Крос.
Поранешниот германски фудбалер во кариерата освои 21 титула со „кралскиот клуб“.