Крос за реваншот во Мадрид: Првите 15 минути ќе бидат одлучувачки


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Арсенал во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Да потсетиме дека резултатот беше 3:0 и малку се шансите актуелниот освојувач на трофејот да избори ново полуфинале.

Реал го „преживеа“ првото полувреме на Емирејтс, но потоа сè се распадна. Деклан Рајс постигна два мајсторски гола од слободни удари, а гостите од Мадрид ги дотолчи Микел Мерино со голот за 3:0.

Арсенал дојде до убедлива победа и е на прагот на полуфиналето, иако секако треба уште еднаш да се соочи со Кралевите. Малку се шансите Реал да го надомести тоа заостанување, а потполно искрен на таа тема беше поранешниот играч Тони Кроос.

„Арсенал го победи Реал Мадрид? Нерешено во првиот натпревар едноставно е премногу досадно за Реал Мадрид; всушност, мора да загубите за да се вратите. Легендата живее понатаму. Мислам дека емотивниот фактор мора да биде пресуден за да се оживее. Екипата мора да го даде своето најдобро, стадионот мора да биде тука. Првите 15 минути ќе бидат безмилосни. Мислам дека првите 15 минути ќе одлучат дали може уште нешто да се случи”, шеговито објасни Германецот.

Фотографија: Реал Мадрид/ФБ