Крстевски си замина од Брера и потпиша за Шкендија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион Шкендија го ангажира Ване Крстевски од редовите на Брера Струмица.

Крстевски потпиша договор на три ипол години со тетовскиот тим и ќе се приклучи на подготовките за вториот дел од сезоната.

„Среќен сум што потпишав за Шкендија. Ви благодарам за довербата и се надевам дека ќе помогнам во остварување на целите“, кажа Крстевски.