Кукуреља по инцидентот: Топката ме погоди во рака, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанија славеше против Германија и избори полуфинале на Европското првенство (ЕП), а мечот го одбележа скандал кога топката го погоди дефанзивецот Марк Кукуреља во рака.

Судијата не покажа на белата точка, а тоа предизвика голем број реакции од јавноста, по што се јави и левиот бек на Челси.

„Топката ме погоди во рака, но судијата кажа дека не е пенал и тоа ме смири. Ако експертите велат дека тоа не е рака, значи така е. На крајот од денот, такви работи се случуваат и во корист на Германија, па ако тие триумфираа, немаше да се зборува за контроверзна ситуација. Ние може да се жалиме зошто Крос не доби црвен картон“, кажа Кукуреља.

Шпанија во полуфинале на ЕП ќе се соочи против Франција.