Кулибали го повлече првиот потег пред да направи голем трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Индепендент“ пренесува дека Калиду Кулибали се разделил со сегашниот свој агент се со цел да си обезбеди трансфер во летниот преоден рок.

Се верува дека Кулибали се разделил со Бруно Сатин и сега го ангажирал својот брат за да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед, тим кој е најзагреан за негов ангажман.

Кулибали минатото лето потпиша нов договор со Наполи кој го обврза на верност до 2023 година,а  Де Лаурентис истакна дека нема да го пушти својот најдобар фудбалер за сума помала од 100 милиони фунти.