Кулушевски: Многу страдав во претходните месеци, но со Конте тоа се промени!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски одигра одличен меч за Тотенхем во победата против Манчестер сити од 3-2 на „Итихад“, затоа што постигна гол и асистенција.

Кулушевски конечно блесна во дресот на лондонскиот тим, а потоа за медиумите ја отвори душата и кажа низ што морал да помине во претходните месеци.

„Многу страдав и не се чувствував добро, меѓутоа тоа се промени. Постигнавме гол многу рано и тоа ни помогна да славиме. Немав потреба да размислувам за ништо, туку само да играм фудбал. Неверојатно чувство е да работите со Антонио Конте. Тој има победнички менталитет“, кажа Кулушевски.