Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Дејан Кулушевски има македонски корени и редовно ја посетува нашата земја.
И додека во младинските категории играше за репрезентацијата на Македонија, на сениорско ниво се реши да го носи дресот на Шведска.
Кај нас многумина го сметаат за предавник и малкумина го оправдуваат неговиот потег, а по последната изјава уште повеќе ќе го навлече гневот на македонската јавност.
Запрашан да направи паралела со неговиот избор и изборот на Анел Ахмедхоџиќ кој исто така е роден во Шведска, игра за Малме, но се реши да го носи дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„За мене тоа беше лесна одлука, едноставно сакав да играм за Шведска. Не знам зошто Ахмедхоџиќ ја избра Босна, но ако тој мисли дека тоа е вистинска одлука за него тогаш тоа е најдобро. Понекогаш тешко се заборава своето потекло“ –изјави Кулушевски.