Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона вчера славеше со 3-0 на домашен терен против Леванте. Каталонскиот тим ја прекина лошата серија на резултати, а на клупата вчера не беше Роналд Куман.
Холанѓанецот во минатото коло против Кадиз доби црвен картон и поради тоа е суспендиран на два натпревари, а мечот го водеше неговиот помошник.
Меѓутоа, Куман беше во постојана комуникација со вториот помошник Хенрик Ларсон, кој ги пренесуваше неговите наредби.
Интересно е тоа што камерите не го снимија Куман на трибините на „Камп Ноу“ и многумина сметаа дека Холанѓанецот не бил присутен на натпреварот.
Сепак, каталонски „Спорт“ објави дека Куман бил на стадион, но не сакал да биде во ложата, каде што можат да го видат останатите навивачи.