Куман џабе ги смируваше, Каталонците креваат бунт кој го предводи Меси!

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси пред неколку месеци сакаше да замине од Барселона, но на крајот каталонскиот гигант не го пушти, по што тој немаше друг избор.

Ситуацијата во Каталонија не е идеална, раководството на Барселона ги намали платите за 30 проценти поради големите загуби, а реакцијата на фудбалерите беше негативна.

Дел од фудбалерите не ги прифатиле промените и наводно тие имаат клаузули во договорите според кои може да го раскинат договорот на штета на клубот. Тие почнаа револуција во Барселона, а наводно предводник на истата е Меси.

Каталонскиот гигант има долг од пола милијарда евра, а годинава загубија околу 300 милиони евра.