Куман доби лоши вести на една недела пред „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно од најголемите дербија во светот, дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде одигран на 24 октомври, а каталонскиот тим се наоѓа во проблеми.

Иако тие се надеваа на враќање на голманот Марк Андре Тер Штеген, сепак од Барселона соопштија дека тој нема да биде во составот за големото дерби.

Оваа информација ја пренесоа шпанските медиуми, откако ја добиле од тренерот Роналд Куман, кој кажал дека не може да смета на Тер Штеген и не знае кога Германецот ќе се врати на терен.

„Не верувам дека ќе биде подготвен до следната недела. Нема ниту датум кога би требало да се врати, тоа што ни останува е да го следиме неговиот напредок во рехабилитацијата“, кажа Куман.