Куман е пред отказ: Лапорта реши кој ќе го замени во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на гостувањето кај Кадиз успеа да освои само еден бод, а Роналд Куман повторно беше критикуван од страна на навивачите.

Каталонскиот тим со проблеми ја отвори новата сезона, а по големиот број промени во составот и заминувањето на Лионел Меси, јасно беше дека ќе се случи вакво нешто.

Ова лето Куман отпиша неколку првотимци и очигледно тоа беше грешка, зашто младите фудбалери не можа да го заменат нивното искуство.

Повторно почнаа шпекулациите дека Куман е пред заминување од Барселона, а „Мундо Депортиво“ пишува дека Жоан Лапорта го загубил трпението и сака да го замени Холанѓанецот со Чави.