Куман го остави Меси дома и замина на гостување во Киев


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона загуби минатиот викенд од Атлетико Мадрид со 0-1, а тренерот Роналд Куман денеска на прес-конференција потврди дека во Киев нема да води две ѕвезди.

Во рамки на четвртото коло од Лигата на шампиони, Барселона ќе се соочи со Динамо Киев.

„Во Киев нема да патуваат Лионел Меси и Френки де Јонг затоа што имаат простор да се одморат. Го заслужија тоа“, кажа Куман.

Меси сезонава одигра 11 натпревари за Барселона, како и Де Јонг, па сигурно добро ќе им дојде одморот пред новите предизвици во сезоната.

Барселона е лидер во групата по три кола, а Јувентус е втор со шест бодови, по што следат Динамо Киев и Ференцварош со по еден бод.