Куман им објасни на навивачите зошто го оставил Меси на клупата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше со убедливи 5-2 против Бетис, а Лионел Меси влезе од клупата за резервни фудбалери и потоа доминираше на теренот при што постигна два голови.

Многумина беа изненадени од потегот на тренерот Роналд Куман, кој реши да го остави Меси на клупата, па се шпекулираше дека тие се во лоши односи, сепак имаше што да каже и стратегот на Каталонците.

„Меси имаше болка уште по дуелот со Динамо Киев во Лигата на шампиони, поради тоа решивме да остане на клупата. Сите знаеме што може Меси да направи на теренот. Видовме сите во второто полувреме колку е важен тој за нас“, кажа Куман.

Меси вчера стигна до интересен јубикеј, односно 100. погодок од 127 удари од белата точка.