Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми постојано пишуваат дека Роналд Куман наскоро ќе добие отказ од Барселона, а доколку продолжи со лошите резултати, тогаш тоа нема да биде изненадување.
Куман го презема тимот во тежок период, кога остана без ѕвездите Лионел Меси, Луис Суарез и шанса им даде на помладите фудбалери.
Холанѓанецот е свесен дека каталонскиот тим тешко ќе се бори со останатите гиганти за трофеи оваа сезона.
„Да бидеме реални, со сите промени кои ги имавме, останавме со тим кој не може да држи чекор со најдобрите екипи“, вели Куман.
Навивачите на Барселона на социјалните мрежи веднаш бесно реагираа на оваа изјава и му порачаа на Холанѓанецот да си бара нов тим.