Куман ја нападна Барселона поради Де Јонг


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Френки Де Јонг нема да настапи на Европското првенство (ЕП), откако федерација на Холандија соопшти дека нема доволно време за да го оспособи фудбалерот за настап.

Де Јонг имаше потешки повреди на зглобот оваа сезона, а селекторот Роналд Куман ја нападна Барселона.

„Де Јонг има историја со оваа повреда и мора да размислуваме на неговото здравје. Неговиот клуб реши да ризикува и ова е цената која ја плаќаме. Направивме сè за да го оспособиме, но не успеавме“, кажа Куман.