Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналд Куман одржа прес-конференција пред дербито со Атлетико Мадрид и ја коментираше наводната караница меѓу Лионел Меси и Антоан Гризман.
Куман ги осуди и новинарите, кои го нападнаа Аргентинецот, кој само што се врати во Шпанија.
„Го разбирам Меси. Мислам дека таквите луѓе мора повеќе да се почитуваат. Непочит е тоа што по долг лет го прашуваа за Гризман. Меѓу нив нема никакви проблеми“, кажа Куман.
Тренерот потоа одговараше на прашање дали мисли дека Меси ќе си замине од Барселона.
„Тој има едногодишен договор. Според мое мислење мора да остане тука, но јас не сум човек кој треба да го убеди. Никој не знае што може да се случи во иднина. Морам да го бранам Меси, кој патуваше 15 часа, а новинарите веднаш го нападнаа“, вели Куман.