Куман мора да експериментира: Составот на Барселона вечерва ќе биде чуден!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва играат на гости против Динамо Киев во меч од четвртото коло од групната фаза во Лигатаа на шампиони.

Каталонците во претходниот дуел на овие екипи триумфираа со 2-1, а вечерва се ослабени во одбраната. Роналд Куман не може да смета на неколку дефанзивци, а притоа реши да ги одмори Френки де Јонг и Лионел Меси.

Јасно е дека Холанѓанецот ќе прави големи промени, а тоа посебно се однесува на стоперската позиција.

Барселона најверојатно ќе заигра со Тер Штеген, Дест, Мингуез, Ленгле, Жорди Алба, Алења, Пјаниќ, Кутињо, Педри, Тринкао и Гризман.