„Куман не би го донел ни за куќен мајстор, а во сабота нема ни да го поздравам!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналд Куман минатото лето беше избран за тренер на Барселона, а веднаш по пристигнување во клубот отпиша неколку фудбалери.

Навивачите беа изненадени кога Куман преку телефонски разговор му порачал на Луис Суарез дека може слободно да си замине.

Сепак, ова за тренерот од Холандија не е првпат. Куман нешто слично направил и во Валенсија, кога отпишал неколку фудбалери по пристигнувањето.

Куман остана на кормилото на Валенсија само половина година и поради лошите резултати доби отказ. Овој период по лошо го памети Јоакин Санчез, кој тогаш беше член на Валенсија.

„Да сум во управата на Бетис, не би го донел Куман ни за куќен мајстор. Ние двајца си кажавме многу работи во минатото. Во сабота нема да го поздравам, а нема ниту тој мене“, вели Јоакин.