Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона доживеа тежок пораз во Лисабон од Бенфика со 0-3, а навивачите на каталонскиот тим побараа од раководството отказ за тренерот Роналд Куман.
Фудаблерите по мечот му дадоа поддршка на тренерот и сметаат дека негов отказ нема ништо да промени, а Куман знае дека ја има нивната поддршка.
„Чувствувам голема поддршка од играчите. Сите знаат што е проблемот на Барселона. Нема да повторувам дека ова не е истата екипа како минатата сезона. Овој пораз е тежок, но не ја покажува вистинската слика на теренот. Игравме добро до 0-2 и мора да бидеме подобри во одбрана“, вели Куман.
Барселона има два порази по две кола во елитното натпреварување и се наоѓа на последната позиција во нивната група.