Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона синоќа беа поразени на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0-2 во дербито од осмото коло во Ла Лига.
Каталонскиот тим се наоѓа во голема резултатска криза, а по поразот повторно почнаа шпекулациите за иднината на тренерот Роналд Куман.
Куман на натпреварот кој се играше синоќа, беше на трибините за да ја издржи суспензијата поради црвениот картон, но постојано им помагаше на останатите во тимот.
По натпреварот Холанѓанецот даде изјава, но разочара многумина кога го обвини младиот Нико Гонзалес за првиот гол.
„Нико при голот не го следеше Лемар и ни недостигаше играч во средината. Разбирате ли сега зошто играме со тројца фудбалери во одбрана. Вака даваме премногу простор. Немаме играчи во средниот терен“, кажа Куман.