Куман се огласи за можноста да ја преземе Барселона по одложувањето на Европското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман истакна дека нема шанси да се пресели во Барселона ова лето, иако постоеја написи дека по крајот на Европското првенство ќе може да преговара со некои заинтересирани клубови за него.

Сепак, затоа што Европското првенство е поместено за 2021 година, тоа значи дека Куман ќемора да остане селектор на „лалињата“ до тогаш, па нема да може да седне на клупата на Барселона.

„Клаузулата гласи дека можам да одам во Барселона по Европското првенство. Датум не се споменува, така што тоа сега е после Европското 2021 година. Не размислував ни секунда“ –изјави Куман.