Куман се сомнева дека Пике му работи зад грб во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Роналд Куман се сомнева дека Жерар Пике му работи зад грб во договорот со претседателот Жоан Лапорта.

Лапорта пред неколку дена реши да му даде отказ на Холанѓанецот, но сепак таа одлука ја спречија други лица во екипата.

Шпанските медиуми пишуваат дека Куман се сомнева во Пике и смета дека му работи зад грб, односно му влијае на Лапорта да му даде отказ.

Овие сомнежи ги подгреа и изјавата на искусниот дефанзивец по поразот од Атлетико Мадрид претходниот викенд (0-2).

„Можевме да играме три часа и да не постигнеме гол“, кажа Пике, а Куман очигледно смета дека таа замерка е испратена кон него.