Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светската фудбалска јавност ја растажи изјавата на селекторот на Холандија, Луј Ван Гал кој кажа дека има рак на простата и набрзо стана јасно дека не може уште долго да остане на кормилото.
Фудбалскиот сојуз на Холандија објави дека Ван Гал ќе биде тренер до 2023 година, по што ќе го замени 59-годишниот Роналд Куман.
Куман потпиша договор на три години, па така се очекува да ја предводи репрезентацијата до 2026 година, а ова му е втор мандат, откако претходно ги тренираше Холанѓаните од 2018 до 2020 година.
„Едвај чекам да почнеме нова соработка, не ја напуштив репрезентацијата поради незадоволство пред година ипол. Уживав во минатиот мандат, резултатите беа добри, па сега се враќаме на стариот пат“, кажа Куман.
🔶 Back as our coach from 2023: 𝐑𝐨𝐧𝐚𝐥𝐝 𝐊𝐨𝐞𝐦𝐚𝐧! 🇳🇱#Koeman2026 | @RonaldKoeman pic.twitter.com/iZhpXlLCHG
— OnsOranje (@OnsOranje) April 6, 2022