Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот Роналд Куман минатата недела доби отказ од Барселона. Каталонскиот тим минатата среда доживеа неочекуван пораз на гостувањето на Рајо Валјекано со 0-1, па тоа му пресуди на тренерот.
Жоан Лапорта повеќе не можеше да биде ветар во грб на Куман, кој доби жестоки критики од навивачите и реши дека најдобро е да се разделат.
Барселона треба да ја преземе Чави Ернандез со кој клубот треба во следните денови да ја потврди соработката.
Куман, сепак, не го прифати лесно отказот од Лапорта и тоа го покажа со одлуката дека нема да прифати помала отштета.
Барселона е должна да му исплати 12 милиони евра на Куман затоа што му дадоа отказ, иако му понудија седум милиони евра, но тој без размислување ја одби таа понуда.