Куман својата нервоза по натпреварот ја „истури“ на – Кутињо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера одигра 1-1 против Гранада на домашен терен, иако имаше голема можност да загуби бидејќи постигна гол за израмнување дури во последните минути од натпреварот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Жоан Лапорта сериозно размислува да му даде отказ на Роналд Куман, кој ниту синоќа не го пронајде рецептот за победа.

Интересно е тоа што на прес-конференцијата по натпреварот Холанѓанецот кажа дека Барселона не може да игра „тика-така“ затоа што ова е различен тим од претходно.

„Мора да бидете свесни дека оваа Барселона не е истата од пред осум години. Ако го погледнете списокот со фудбалери, што може да напраивме со нив? Филипе Кутињо постојано оди во средината, тешко е да се игра така. Кога ви се повредени Фати и Дембеле, немате многу опции, па принудени сме да бараме други решенија“, вели тренерот на Барселона.